mercredi 5 octobre 2011

Вежби - прашања и задачи за Енергетика на хемиски реакции

Енергетика на хемиски реакции

1.Какви процеси се испарувањето и топењето?

2.Каков процес е фотосинтезата?

3. Напиши ги термохемиските равенки за следните реакции:

а) Добивање на јаглерод диоксид од јаглерод и кислород при што се ослободува топлина од 393,5 kJ/mol.

б)Добивање на јаглерод диоксид од јаглерод моноксид и кислород при што се ослободува топлина од 283,0 kJ/mol.

в) Добивање на јодоводород од гасовит водород и јод при што се доведува топлина од 26,5 kJ/mol.

г) Добивање на азот моноксид од гасовит азот и кислород при што се доведува топлина од 90,2 kJ/mol.

4. Термохемиската равенка за образување на магнезиум оксид гласи:

Mg(s)+ 1/2O2 = MgO(s) ΔrH= -601 kJ/mol

a) Колку топлина ќе се ослободи ако согориме толку магнезиумова лента што соодветствува на еден мол магнезиум?

б) колку топлина ќе се ослободи ако согориме магнезиумова лента чија маса е 500 милиграма?

5. Кога во кислород ќе изгори еден мол сулфур при што се образува гасовит сулфур диоксид, се ослободува топлина чија апсолутна вредност е околу 296,9 килоџули.

а) Напиши ја термохемиската равенка на овој процес (сметај дека дефинирана единка за сулфурот е еден атом и дека во стехиометрискиот дел на термохемиската равенка ќе бидат употребени најмалите можни целобројни стехиометриски коефициенти.

б) Колку топлина ќе се ослободи ако во кислород изгори сулфур чија маса е 32 грама?

в) Колку топлина ќе се ослободи ако во кислород изгори сулфур чија маса е 16 грама?

6. Кога во кислород целосно ќе изгорат пет грама алуминиум во прав, со околината се разменува топлина чија вредност изнесува -82,4кЈ.

Напиши ја термохемиската равенка на соодветната реакција.

7. При процесот на термичко разложување (пиролиза) на калциум карбонатот треба да се доведе топлина од 155 kJ/mol.

а) Напиши ја термохемиската равенка на реакцијата.

б) Колку топлина треба да се доведе за да се разложи 1 килограм варовник(сметајќи дека се работи за чист калциум карбонат)?

8. Колкава треба да биде масата на јагленот што треба да се употреби како гориво, ако сакаме да пиролизираме 500 килограми калциум карбонат, а при горење на еден грам од јагленот се ослободува топлина чија вредност е 25кЈ?

9. Реакционата енталпија за реакцијата на пиролиза на водена пареа до водород и кислород изнесува околу 242 кЈ/mol.

а) Напиши ја термохемиската равенката на реакцијата

б) Пресметај колку топлина треба да му се доведе на реакциониот систем за термички да се разложи еден килограм водена пареа?

10. Термохемиските равенки за согорување на метанот и на ацетиленот (етинот) може да се напишат на следниов начин:

CH4(g) + 2O2(g) = CO2(g) + 2H2O(l) ΔrH= - 890 kJ/mol

C2H2(g) + 3O2(g) = 2CO2(g) + H2O(l) ΔrH= - 1300 kJ/mol

а) Дали при согорување на еден мол метан се ослободува повеќе или помалку топлина одошто при согорување на 0,6 мола ацетилен?

б) Дали повеќе или помалку топлина се ослободува при горење на еден килограм метан во споредба со топлината ослободена при согорување на 0,6 килограми ацетилен?

Aucun commentaire:

Enregistrer un commentaire